Бугарија не го менува ставот за РС Македонија, но е подготвена да ја поддржи Албанија на патот кон ЕУ

//

Бугарија нема да го промени ставот за почеток на преговорите за членство во Европската унија на РС Македонија. Ова го соопшти бугарската Влада за БГНЕС.

Од Владата појаснуваат дека „Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на РС Македонија и Република Албанија, како и до Рамковната позиција за европската перспектива Република Северна Македонија и Албанија, усвоен од Владата на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на парламентот од 10 октомври 2019 година“.

Како што појаснуваат од БГНЕС „овој став на Бугарија ќе се брани за време на состанокот на Советот за општи работи (СО), што ќе се одржи на 14 декември 2021 година во Брисел.



„За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија верува дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, се вели во материјалот на БГНЕС.

Претходна статија

Бугари и Турци протестираат во Париз за правата Бугарите во РС Македонија

Следна статија

Заев со честитка до Шолц: Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира и надгради

Најново од Вести