До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите
До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на гласање излегле 45,71 отсто од запишаните гласачи на ниво на цела држава.
Според обработени 97,60 проценти од податоците, односно 1.340 избирачки места, од вкупно 712.549 запишани гласачи, своето право на глас го оствариле 325.691 граѓанин.
Излезеност по општини
Највисока излезеност е забележана во:
Дојран – 72,78%
Демир Капија – 72,64%
Крушево – 68,60%
Следуваат:
Кичево – 51,34%
Карпош – 48,09%
Тетово – 44,35%
Аеродром – 42,72%
Дебар – 41,21%
Кочани – 40,44%
Струга – 40,14%
Боговиње – 39,29%
Куманово – 33,43%
Шуто Оризари – 30,75%
Излезеност во Град Скопје
Во Скопје, до 18:30 часот гласале 33,82 проценти од запишаните избирачи, односно 160.131 гласач од вкупно 474.304 во десетте скопски општини.
Гласањето завршено без проблеми
Од ДИК соопштија дека сите избирачки места се затворени во 19 часот, а конечната излезност ќе биде објавена во 23 часот.
