МЗ: ТЕСТИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО СИСТИНА ТРЕБА ДА СЕ ТЕСТИРААТ И ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

//

Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитиви на тестовите на антитела кои ги врши болницата Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство појаснува, како што се наведува во соопштението, дека тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции.

„Имено, тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството, се наведува во соопштението од Министерството за здравство



Претходна статија

ЛАБУНИШТА ПОТЕНЦИЈАЛНО ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

МИХАЕЛА ОД СКОПЈЕ КОЈА ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ СО ЕМОТИВНА ПОРАКА И ВИДЕО ДО ДОКТОРИТЕ И СЕСТРИТЕ КОИ ЈА СПАСИЈА

Најново од Вести