ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА ДВАЈЦАТА ШТИПЈАНИ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА ВО ВЛЕЗ ОД ЗГРАДА
Денеска, во Основниот суд во Штип треба да започне судењето на двајцата штипјани П.Р.(23) и С.А.(26), кои се обвинети за кривично дело насилство, откако претепаа 21 годишна девојка во влез на зграда. За делото е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 5 години.
За овој настан, јавноста дозна преку социјалните мрежи откако се сподели возменирувачко видео во кое насилниците физички и вербално ја напаѓаат девојката. Настанот го снимиле на мобилен, а по извесно време го објавиле на социјалните мрежи.
Набрзо по објавувањето на снимката тие беа уапсени и судот им одреди мерка притвор од седум дена, која подоцна беше продолжена за 30 дена.
Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, при што гласно реагираше и невладиниот сектор кој се занимава со родово базирано насилство и човекови права.