КАРАКАЧАНОВ УТРЕ ЗАМИНУВА НА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО САД
Заменик претседателот на Владата на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов од утре 3-ти откомври до 10 октомври 2020 г, ќе се наоѓа во работна посета на САД.
Каракачанов заминува во посета на Вашингтон по покана на неговиот американски колега Марк Еспер.
Бугарските медиуми јавуваат дека ова е прва официјална посета на бугарски министер во САД по 20 години.
Средбата на двајцата министри има за цел да ја зајакне соработката меѓу Бугарија и САД во сферата на одбраната и секако модернизирањето на бугарската армија со воена техника од САД.

