СПАСОВСКИ: ИМАМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА

„Одлична соработка со Република Бугарија на владино и на институционално ниво, во контекст на пандемијата на Ковид-19, особено во поглед на безбедното враќање на нашите државјани.

loading...

На средба со амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов, заеднички констатиравме дека досегашната соработка и партнерството меѓу двете земји се во нагорна линија, при што беше нагласена поддршката од Бугарија за наше полноправно асоцирање во НАТО Алијансата и околу отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, а беше потенцирана и важноста на годинешново заедничко претседателствување со Берлинскиот процес“, објави на социјалната мрежа facebook министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, Оливер Спасовски, по средбата со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, н.е. Ангел Ангелов.



loading...