ЕДЕН ОД СОВЕТНИЦИТЕ НА НАЌЕ ЧУЛЕВ Е КОВИД ПОЗИТИВЕН

Еден од советниците на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е ковид позитивен. Станува збор за Мухамед Исмаили за кого МВР вели дека не се инфицирал на работно место.

loading...

Последната средба на Чулев и Исмаили се случила на 24 мај. Потоа почнале да се јавуваат симптоми кај него, од 2 јуни не се појавува на работа, а на 6 јуни направил ковид тест што покажало позитивен резултат.

Засега нема лица во изолација од кабинетот на Чулев, соопштуваат од МВР и дополнуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на вработените.

loading...