| |

500 новогодишни пакетчиња за децата од Чешиново-Облешево во чест на Адријан Живков

Преку Фондација „Адријан Живков“ на 24 декември беа обезбедени и распределени 500 новогодишни пакетчиња за децата од Општина Чешиново-Облешево. Подароците беа доставени во основните училишта и детските градинки во повеќе населени места на територијата на општината.

Хуманитарната акција беше реализирана на симболичен датум – денот кога Адријан требаше да го прослави својот роденден. Неговите пријатели одлучија токму преку ваква акција да му оддадат почит и да го зачуваат споменот на начин што носи радост и надеж.

Адријан Живков го загуби својот живот во трагичниот пожар во дискотеката Пулс, настан што ја потресе целата јавност и во кој животот го загубија 63 лица. Според сведочења, во критичните моменти тој покажал исклучителна присебност и хуманост, обидувајќи се да им помогне на другите присутни.

Во негова чест беше формирана Фондацијата „Адријан Живков“, чија мисија е неговото име да продолжи да се поврзува со вредности како солидарност, емпатија и несебична помош. Од Фондацијата посочуваат дека преку конкретни хуманитарни активности ќе продолжат да им помагаат на оние на кои поддршката им е најпотребна.



Слични Објави