29 јули 1014 година кaj селото Кључ, византискиот император Василиј II го означува почетокот на крајот на Првото бугарско царство
На 29 јули 1014 година бугарската војска била поразена од трупите на византискиот император Василиј II. Битката кај Беласица, позната и како битката кај Кључ или битката каj Клидион, е кулминација на дуелот меѓу бугарскиот цар Самуил и византискиот император Василиј II, кој траел со децении од крајот на 10 век и почетокот на 11 век, пишува Факти.
Битката завршува со тежок пораз на Бугарите. Според сведоштвата на разни средновековни хроничари, бројот на загинатите бил значителен, а заробените биле oслепени по наредба на Василиј II, кој подоцна бил наречен „Бугароубиец“.
На почетокот на овој дуел Самуил имал предност, но од 1001 година, кога Византија ги оттргнала внатрешните судири и конфликтот со Арапите, Бугарите почнале да ја губат својата надмоќ и биле принудени да се борат за својата независност. За да ги запрат непријателските напади, тие изградиле широк систем од тврдини, со кои ги блокирале планинските премини и другите патишта до внатрешноста на земјата.
За време на неговиот следен поход во летото 1014 година, Василиј II бил запрен пред едно од овие утврдувања – тврдина, подигната од Самуил во клисурата кај селото Кључ помеѓу планините Беласица и Огражден. Бугарските трупи ги одбиле повторените обиди на Византијците да ја заземат тврдината, но на 29 јули ненадејно биле нападнати во тилот од четата на Никифор Ксифиј, кој успеал да ги заобиколи нивните позиции по планинските патеки.
Битката завршува со тежок пораз на Бугарите. Според сведоштвата на разни средновековни хроничари, бројот на загинатите бил значителен, а заробените биле заслепени по наредба на Василиј II, подоцна наречен „Бугароубиец“. Царот Самуил ја избегнал смртта во самата битка, но починал два месеци подоцна на 6 октомври 1014 година, откако доживеал срцев удар, кога ги видел своите ослепени воини.
