| | |

(Видео) Министерството за одбрана на Бугарија додели одликувања по повод 140-та годишнина од Српско-бугарската војна

Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов додели спомен-медали по повод 140-годишнината од Српско-бугарската војна на претставници на воени академии, структури на Министерството за одбрана, „Воена полиција“, Националниот военоисториски музеј, како и на претставници на локалната власт и областните администрации.

„2025 година беше јубилејна – 140 години од победата на бугарската армија во Српско-бугарската војна, со која беше заштитено Соединението на Бугарија“, истакна Запрјанов.

Тој нагласи дека во рамките на националниот план биле реализирани бројни настани, конференции и историски реконструкции со учество на младите, со цел „да ја чуваме меморијата за херојството на тие луѓе“.

Министерот појасни дека овојпат, покрај раководниот состав, биле одликувани и ветерани од војните и претставници на воено-патриотските организации за нивниот придонес во зачувувањето на историската меморија.

Спомен-медалот „140 години од Српско-бугарската војна“ е изработен во ограничена серија од Министерството за одбрана.



Слични Објави