| |

Панихида во чест на хероината Мара Бунева ќе се одржи во Дес Плејнс, Илиноис, Сад

Во бугарската црква „Света Софија“ во Дес Плејнс, Илиноис во недела (11 јануари) ќе биде отслужена панихида по повод 98-та годишнина од хероjскиот подвиг и смртта на хероината Мара Бунева. Настанот ќе започне во 12:30 часот (локално време) и е во организација на МПО Пирин Чикаго.

„Настанот е организиран со цел со тивка благодарност да се одбележи споменот на Мара Бунева, храбрата македонска Бугарка, која го даде својот живот за слободата и независноста на Македонија. Присутните ќе имаат можност со запалена свеќичка и заедничка молитва да ја изразат својата почит кон нејзината саможртва. Панихидата е отворена за сите заинтересирани граѓани“, наведуваат организаторите во најавата за настанот.



Слични Објави