ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас го потпишаа Договорот кој треба да стави крај на долгогодишниот спор за името на нашата земја наметнат од грчка страна. Со потпишувањето на овој договор се прифаќа промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија и се прекинува употребата на референцата ПЈРМ- Поранешна Југословенска Република Македонија. Дали договорот ќе стапи во сила ќе стане јасно, ако се извршат промени во македонскиот Устав, а граѓаните на Република Македонија на референдум ја поддржат потпишаната денеска Спогодба.