ЗАЕВ: СО ДОГОВОРОТ ДОБИВМЕ ПРИЈАТЕЛ ВО ЛИЦЕТО НА ГРЦИЈА
„Денеска е убав историски ден. Денеска ставаме крај на еден спор. Прашањето беше отворено три децении. Затоа ние јас и премиерот Ципрас, министрите Димитров и Коѕијас тргнавме во потрага по решение. Решение што е во интерес на сите. Големите визии можат да се реализират само преку акција. Научивме дека треба да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. Договорот ни донесе поголема доверба меѓу двете земји. Договорот ни донесе пријател. Ќе бидеме партнери и сојузници со Грција“, изјави премиерот Заев пред потпишувањето на договорот за решавање на долгогодишниот спор за нашето име со Република Грција.

