Културата е мост кој овозможува сите да се соединиме, рече бугарскиот министер за култура Минеков
Во поставената програма за соработка на Бугарија и Северна Македонија, за период од 2022 до 2023 година, што создава засилена соработка меѓу претставници на нашите држави, беа одделени средства за заеднички културни проекти, претставени како тука, така и во Бугарија, рече министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков.
„Според тоа можам да најавам дека важноста која Бугарија ја дава е од првостепено значење, затоа го отворивме Културниот информативен центар на Бугарија, да располага со поголеми капацитети и да претставува мост за соработка меѓу двете држави. Културата е мост кој овозможува сите да се соединиме, уште повеќе да го насочиме погледот кон иднината. Иднината каде сите ќе бидеме заедно со научени лекции да работиме рамо до рамо потврдувајќи ги нашите заеднички цели за одредување на место на културата во нашите општества“, истакна бугарскиот министер за култура Велислав Минеков.
Минеков додаде дека Бугарија посветува особено внимание на развојот на културните односи со своите партнери од Западен Балкан и на соработката во оваа област.

