Во Крива Паланка започна проектот „Регионални политики за проблемите на лицата со попреченост“ финансиран од бугарското Министерство за надворешни работи
Во Крива Паланка беше најавен стартот на проектот „Регионални политики за проблемите на лицата со попреченост“, финансиран од програмата „Бугарска помош за развој“ на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Проектот ќе се реализира од здружението „Хенидкеп Плус“.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митковски, најави подготвеност на општинските структури за партнерство во изнаоѓање решенија за задоволување на потребите на лицата со посебни потреби.
Целта на проектот е популаризација на регионалните политики во Република Северна Македонија и нивно усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што бара учество на граѓански организации во креирањето и донесувањето одлуки на локално и регионално ниво, истакна Бранкица Димитровска претседателка на здружението Хендикеп плус.
Конкретните резултати поставени од невладината организација се подобрување на политиките за правата на лицата со попреченост на локално и регионално ниво, зајакнување на капацитетите на организациите на лицата со попреченост, развој на граѓанскиот дијалог и соработка во развој на политики и одлучување на локално ниво и подигање на свеста за правата на лицата со попреченост.
Бугарската држава поверува во проектот, бидејќи таа поддржува голем број проекти, меѓу кои, за деца со аутизам и центри за деца и возрасни со аутизам во Северна Македонија. Проектите се во рамките на развојната помош на бугарското Министерство за надворешни работи, истакна Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.
Елена Кочовска, експерт во проектот, истакна дека не пристапноста, туку потребата од донесување различни политики и немањето политики засновани на Конвенцијата за лица со попреченост е главниот проблем.
Проектот има за цел да започне со идентификување на степенот до кој политиките на регионално ниво одговараат на потребите на лицата со попреченост, колку и каква е пристапноста и потребата од дијалог за да се потврди она што меѓусебно недостасува.
„Проектот е почетна точка и прв чекор, кој треба да биде пример за другите општини во Република Северна Македонија“, рече Бранкица Димтровска.