| |

Бугарскиот режисер потомок на бежанци од Македонија и Одринска Тракија Георги Дјулгеров ќе ја добие наградата за целосно творештво на Сојузот на бугарските филмски работници

Професорот Георги Дјулгеров – режисер, сценарист и наставник ќе ја добие почесната награда за севкупно творештво на овогодинешното доделување на наградите на Сојузот на филмски работници „Васил Гендов“. Официјалната церемонија ќе се одржи на 16 мај во Националната опера и балет, каде што во повеќе од 30 категории еснафот ќе ги награди најдобрите бугарски филмови (играни, документарни и анимации) за изминатата година и професионалците кои работеле на нив.

Георги Дјулгеров е роден на 30 септември 1943 година во Бургас. Тој е потомок на бежанци од Ениџевардар, Егејска Македонија и Одринска Тракија. Автор е на над 20 бугарски филмови како режисер и сценарист. Неговите дела „Кампот“, „Мерка по мерка“, „Авантаж“, „Трампа“ и други. се меѓу најдобрите достигнувања во историјата на бугарската кинематографија. По промените ги снимил „Црна ластовичка“, „Лејди Зи“, „Козата“, „Буфер зона“. Добитник е на „Сребрена мечка“ за најдобра режија од Берлинале’78 (за „Авантаж“), на наградата „Златен витез“ од Палермо’86 (за „Нешка Робева и нејзините девојки“), на Големата награда од Меѓународниот филмски фестивал во Сараево (за „Лејди Зи“, 2005) и други. Тој е член на Европската филмска академија. Почесен професор е на Нов бугарски универзитет, каде што и денес предава.

На „Софија филм фест“ во март беше премиерата на неговиот најнов филм „Белешки за едно предавство“, кој ја раскажува приказната за предавникот на бугарскиот револуционер Георги Бенковски, дедото Вељо. Средбата на филмот, во продукција на БНТ, со пошироката јавност допрва претстои.



Слични Објави