| |

90 години глас кон светот- Радио Бугарија меѓу меморијата и иднината

На 16 февруари 2026 година Радио Бугарија одбележува 90 години од основањето – девет децении во кои медиумот претставува врска на Бугарија со светот и со Бугарите во странство. Од краткобрановите емитувања до дигиталните платформи, радиото денес информира на бугарски и на уште 10 јазици: англиски, руски, германски, француски, шпански, турски, српски, грчки, албански и романски, јавува БНР.

Главниот уредник Красимир Мартинов започнува работа во радиото во 1998 година како студент по бугарска филологија. На почетокот работи младински теми, а потоа станува новинар за внатрешна и надворешна политика. Тој известува во период на важни настани: пристапувањето на Бугарија кон НАТО и ЕУ, конфликтите во поранешна Југославија, случајот со бугарските медицинари во Либија и војната во Ирак. Овој период го опишува како силно професионално училиште.

Мартинов учествува и во градското социјално предавaње „Чуј Софија“ (2006–2012), кое доведува до реални промени во урбаната средина.

Денес Радио Бугарија работи во целосно дигитална средина. Според уредникот, преминот кон нови формати е неопходен поради брзото ширење на информациите и директната комуникација со публиката. Развиено е и видео-продукција – сериите „Со мисла за Левски“, „Лекција по Бугарија“ и „Радио Бугарија кај Бугарите во…“.

Главни целни групи се:

  1. бугарските заедници во странство и современата емиграција;
  2. странски граѓани што се информираат за Бугарија;
  3. бугарските граѓани со мајчин турски јазик, за кои секојдневно се емитува тричасовна програма во повеќе региони.

Во 2025 година тимот на турската редакција е номиниран за големата награда „Сирак Скитник“ на БНР.

Радиото гради партнерства со училишта, културни центри и црковни организации во странство. Меѓу проектите е подкастот „Мост на верата“, реализиран со Бугарската православна црква. Соработува и со програмите „Хоризонт“ и „Христо Ботев“, а планира нови заеднички иницијативи во 2026 година.

Деведесет години по првото емитување, Радио Бугарија продолжува да ја претставува земјата пред меѓународната публика со проверени информации и професионален новинарски пристап.

Слични Објави