| |

Минималната школарина за платено студирање во Бугарија се намалува од 60 на 50 отсто

Минималниот износ на школарината за платено студирање во државните високообразовни установи во Бугарија ќе се намали од 60 на 50 отсто од средствата за издршка на студирањето. Измената е предвидена со предлог-закон одобрен од бугарската Влада, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.

Досега школарината мораше да изнесува најмалку 60 отсто од средствата што државата ги обезбедува за студентите во државната квота. Намалувањето на прагот треба да го олесни пристапот до високо образование, особено за студентите со послаба материјална состојба и за оние што зависат од кредити или стипендии.

Предвидено е и школарината во текот на целото студирање да не може да се зголеми за повеќе од 20 отсто во однос на износот во првата година.

Слични Објави