| |

Бугарија почнува физибилити студија за гасовод кој треба да ги поврзе Грција, Турција и Романија

Бугарската влада на 29 јули го одобри спроведувањето физибилити студија за изградба на гасовод за горива на територијата на Бугарија, кој треба да ги поврзе Грција, Турција, Бугарија и Романија, пишува 24 часа.

За проектот се разговара веќе неколку месеци, а била формирана и работна група. Сепак, поради изборите, разгледувањето на проектот било одложено.

Физибилити студијата, чија вредност изнесува 10 милиони евра, ќе биде финансирана од бугарското Министерство за одбрана преку Програмата на НАТО за безбедносни инвестиции. Целта на проектот е да се прошири синџирот за снабдување со горива на НАТО кон Источното крило и бугарската мрежа да се поврзе со инфраструктурата на Алијансата во Грција, Турција и Романија.

Владата ја определи државната компанија „Булгартрансгаз“ за договорен орган задолжен да ги преземе сите потребни активности за спроведување на студијата. Според образложението, операторот на гасопреносниот систем е единственото бугарско државно претпријатие што реализирало слични проекти и располага со значително искуство во развојот и управувањето со инфраструктурни, инвестициски и технички проекти од ваков обем.

„Булгартрансгаз“ ќе треба да избере изведувач, да склучи договор со него и да ги организира и координира понатамошните активности.

Слични Објави