| |

Бугарија ја потврдува својата посветеност за модернизацијата на вооружените сили и јакнењето на одбранбените капацитети со поддршка од НАТО

Ангажманот на Бугарија за модернизација на вооружените сили и за изградба на современи одбранбени способности, како и актуелните прашања поврзани со ризиците и заканите за безбедноста што произлегуваат од војната во Украина, беа во фокусот на средбата меѓу бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрjaнов и адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО. Средбата се одржа денеска во Министерството за одбрана во Софија, јавува Министерството.

Министерот Запрјанов истакна дека Бугарија се потпира на поддршката од своите партнери во рамките на НАТО за реализација на овие процеси и ја потврди силната посветеност на земјата за исполнување на сојузничките приоритети за безбедност.

Во разговорите посебно беше нагласено клучното значење на одбранбените планови на НАТО за јакнење на стабилноста, како и предизвиците поврзани со хибридните дејства и напади со кои Бугарија секојдневно се соочува.

Адмиралот Каво Драгоне ја опиша Бугарија како доверлив и високо ценет сојузник кој активно придонесува за колективната одбрана на Алијансата. Тој даде многу висока оценка за оперативните способности демонстрирани за време на повеќе националните вежби, истакнувајќи дека тоа е доказ за подготвеноста на сојузниците ефикасно да реагираат на современите закани.

Посетата на претседателот на Воениот комитет на НАТО, која се реализира на покана на началникот на Генералштабот на бугарската војска, адмирал Емил Ефтимов, ја нагласува сè поголемата улога на Бугарија како клучен сојузник во напорите на НАТО за одвраќање и одбрана.



Слични Објави