| |

„ПОТКУП“ денес со ново рочиште

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Претходното судење беше одложено, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, бидејќи делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

Во предметот за случајот „Поткуп” до сега постапуваше судијката Дијана Груевска-Илиевска. Сега предметот ќе го суди судијата Дарко Тодоровски.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.



Слични Објави