Ахмети за „Катимерини“: Спорот за името може да се реши на сличен начин како што беше потпишан договорот со Бугарија

//

Според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија,  да се затвори прашањето за името, предлага лидерот на ДУИ во интервју за грчкиот весник  „Катимерини“. Тој, вели дека подобро време за договор од сега не постои и објаснува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, а не само за да преговара.

Во однос на предлозите и идеите на Нимиц, вели дека владата заедно со опозицијата ги разгледува и се обидува да има позитивен и конструктивен пристап.  Лидерот на ДУИ, објаснува дека терминот „Македонија“ бил дел од предлозите и во 2008 во Букурешт, но и во 2011, во рамките на предлогот „Република Северна Македонија“.Ахмети предупредува дека не решавањето на проблемот може да ги негува старите ставови за нови граници на Балканот.



Во однос на тоа дали и колку е можен политички консензус во Македонија за прашањето за името, Ахмети упатува критики до претседателот Ѓорѓе Иванов, а за опозицијата објаснува дека поддржува решение на проблемот. Според Ахмети Иванов испуштил одлична можност за да ја подобри својата слика кај албанската заедница, оставајќи и негов белег во завршувањето на регулативниот дел на Охридскиот договор.

Претходна статија

Онака од прва…

Следна статија

„ПОТКУП“ денес со ново рочиште

Најново од Вести