|

(Фото) Анастас Лозанчев за Илинденското востание: Горд треба да биде Бугарскиот народ, зашто сите тука останаа верни до крај на својата клетва, верни на своите водачи…

На 8-ми ноември 1945 г. во Софија умира АНАСТАС ДИМИТРОВ ЛОЗАНЧЕВ, војвода и основач на револуционерната мрежа на ВМОРО. Роден е 1870 г. во Битола. Учел Бугарска гимназија во Солун, а потоа бил учител. Тој е еден од првите членови на организацијата во Битолско и го раководи окружниот комитет. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ВМОРО, а на Смилевскиот конгрес е избран за член на главниот штаб на Илинденското востание. По востанието живее во Бугарија, а после Младотурската револуција се враќа во Македонија. Во 1917 г. го подпишува Мемоарот на Бугари од Македонија од 27-ми декември. Меѓу двете светски војни учествува во дејноста на македонските емигрантски организации во Бугарија. Во 1941 г. се враќа во Битола. Учествува активно во масовото чествување на 40-тата годишнина од Илинденското востание и отвора фонд ПАМЕТНИК НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, дарувајќи лични средства.

“Горд може да биде целиот Бугарски народ со востанието, но уште погорда треба да биде Битола, зашто таа беше срцето од каде се раководеше сложената организациона машина. Горд треба да биде Бугарскиот народ, зашто сите тука останаа верни до крај на својата клетва, верни на своите водачи… Целиот Бугарски народ, а најмногу Битолчани, треба да подигнат паметник на безсмртните херои, кои ги пожртвуваа своите животи за слободата на тој мил народ со велика душа, со нескршен дух, кој го презре сето мило тука на овој свет. Паметникот треба да биде висок, повисок от Пелистер, за да го гледа целиот Бугарски народ и да се вдахнува од него. Тој треба да биде висок, за да го гледат и народните непријатели, кои толку многу се подбиваа со тој народ и тој пак остана на нозе.“

КАКО СЕ ДОСТИГНА ДО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ, Илустрација Илинден, 1943 г.

“Од национален аспект, А. Лозанчев кон македонското прашање пристапува како „македонски Бугарин“. Тоа се гледа од неговите зборови: „Не само што не одобрувам, но и протестирам против оној повик против сè што е бугарско. Не можат нашите синови, како неговото Превасходство г. Лазар Колишевски… не може и мојот пријател Димитар Влахов да нè учат дека ние сме само Македонци, а не македонски Бугари. Лично јас сум Бугарин од пред да имало Бугарска егзархија и бугарска држава“.

Ванчо Георгиев: АНАСТАС ЛОЗАНЧЕВ, Скопје 2014 г.



Слични Објави