Онака од прва…

/

Онака од прва ми текна да ви кажам дека на Клиниката по трауматологија детево со операцијата на коленото, не почина ради докторите, а заради условите во кои работат исти тие доктори.

Онака од прва ми текна да ви кажам дека додека така напалено го браниме името, накрајот ќе останеме само со него, пошо тие што секој ден ги пцуете ги боли таквото и за име и за све… Тие си работат по агендата.

Онака од прва ми текна да ви кажам да се сакате и да имате разбирање за желбите на другиот. Тоа нема потреба од објаснување, едноставно така треба да биде.

Онака од прва ми текна да ви кажам дека и да го сменат името на аеродромот, тој ќе си остане едно тажно место, каде што,  луѓе што се сакаат се разделуваат (таков најчесто е случајот со овој нашиов).



Онака од прва ми текна да ви кажам дека, додека нашите деца умираат уште неосвестени во инкубаторите, а тие што ја имале (не)среќата да ги преживеат инкубаторите, учат или на ладно или во ужасни услови, малку ми е глупо и највеќе невкусно да ми зборите за патриотизам.

Онака од прва ми текна да ви кажам дека љубовта кон земјата е љубовта кон нејзиниот народ. Ако не ги сакаш твојот брат и комшија, нема како да ја сакаш и земјата, која заедно ја тапкате.

Автор: Атанас Величков

Претходна статија

„Касапот од Мосул“ и „Новиот Абауд“ подемот и падот на ирачките џихадисти

Следна статија

Ахмети за „Катимерини“: Спорот за името може да се реши на сличен начин како што беше потпишан договорот со Бугарија

Најново од Истакнато