|

Одбележуваме 73 години од смртта на големиот бугарски писател и драматург од Македонија Војдан Чернодрински

На 8-ми јануари 1951 г. вo Софиja умира видниoт писател и драматург ВОЈДАН ПОПГЕОРГИЕВ КУЗМАНОВ – ЧЕРНОДРИНСКИ. Роден е 1875 г. во струшко-дебарското село Селци, во семејството на свештеникот Георги Кузманов. Псевдонимот му иде од името на река Црни Дрим, која минува покрај родното село. Првоначално учи во Охрид, а после во Бугарската гимназија во Солун, но се преместува со семејството во Бугарија и завршува гимназија во Софија. Членува во Младата македонска книжевна дружина. Врховниот македоно-одрински комитет ја поддржува театарската група на Војдан Чернодрински. Автор е на драмски дела. Меѓу најпознатите се „Македонска крвава свадба“ (1900), „Робот и агата“ (1901), „Македонски дослух“, „Македонско востание“, „Зло за зло“ (1904), „Дрвари“, „Цар Пир“ (1921), „Бурите крај Вардар“ (1925) и други. В 1909 г. го основува Македонскиот театар.

ЧИН ТРЕТИ, ЈАВУВАЊЕ ПЕТТО:

“Крста: Е, мори керко, и ја праеф така инает ко тебе.

Цвета: Како, зашто инает си прајла?

Крста: Некев да се потурчам, ама после легнав на брашното.

Петкана: Та и ја, така мори сестро!

Цвета: Ама кој сакал вас да ве потурчит, џанам, кога вие туркини сте се родиле?

Крста: Не, ние Бугарки сме се родиле, мори сестро.

Цвета: Бугарки сте се родиле?!

Петкана (Нажалена): Бугарки, Бугарки бефме, мори сестро.

Крста: Бугарки бефме ама не потурчие.

Цвета: Ве потурчиле?!!

Петкана (Воздахва): Ах, не потурчие!

Крста: На сила, керко, ко тебе што ке те потурчат.

Цвета (Разлутена): Ах! Бегајте от каде мене вие, врто-верки!

Крста: Немој, не ни кажви така, керко.

Петкана (На страна): Бугарки бефме, а сега туркини, пусти робини.

Крста: Ето така… Е, да знајш какви са лоши нашите мажи.

Цвета: Како можат да ве потурчат, ако вие не сте сакале?

Петкана: Царство им е, све может.

Цвета (На себе си): Овие ме мамат. Вие ме мамите, вие сте туркини.

Петкана: Бугарки бефме мори сестро, Бугарки верувајне.

Крста: Нема зашто да те лажиме.

Цвета: Бегајте, ја се гнасам от вас. Вие сте туркини, вие ме мамите.

Петкана (Кон Крстана): Кутрата, не ни верува, ама има и право.

Цвета: Ако вие бефте Бугарки, то не ке ме кандисувате за да се потурчам, а ке ми поможевте да избегам от овде.

Крста: Ние не те кандисуваме, ами ти кажуваме како е работата, оту на сила ке те потурчат, сестроо.

Петкана. Би ти поможиле, мори сестро, да избегаш и мие би избегале со тебе, ама не вардат да не мојме.

Крста (Кон Петкана): Покротко, покротко зборви, Петкано, оту можит да слушат бегот.

Цвета (Кон Петкана): Тебе Петкана те викаат?

Петкана (Со воздишка): Ах! Петкана.

Цвета (Кон Крста): Ами тебе?

Крста: Мене Крста ме викаат.

Цвета: Крста?! Ами от кои места сте?

Крста: Ја сум от село Каменица, а Петкана от с. Црвен брег.

Цвета: Ами имате ли нешто родниње?

Петкана: Имафме, имафме се’ мори сестро, а сега ништо немаме. (Плаче)

Крста (Плачејки): Ја имаф и мајка, и татко, и браќа и сестри, а сега ко што ме гледаш сум. Татка го утепаа, коа ме грабнаа, мајка умре от мерак по мене, брат ми едниот го утепаа на Пирин планина, а другиот е во Бугарија и секоја пролет идет со комити. Ето така се запусти нашата куќа.“

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

Слични Објави