| |

(ВИДЕО) Радев: Кревањето на ветото да не е врзано со датуми туку со резултати и посебно со признавањето на правата на македонските Бугари

Претседателот на Бугарија Руман Радев попладнево пред бугарските медиуми рече дека очекува Коалициониот совет да ги запази бугарските интереси во однос на проблемот со Северна Македонија, ставајќи акцент како што вели тој на дискриминацијата и правата на Бугарите во РСМ.

„Ако се ова се случи ние на најдобар начин ќе и помогнеме на Република Северна Македонија да оди по патот на Европската унија“, изјави претседателот на Бугарија Руман Радев.

Тој го коментираше и барањето за свикување на Советот за национална безбедност.

„Фокусот кој е поставен на Владата кон надворешната политика. Очекувам енергијата која се троши за решавање на проблемот со Бугарија да се насочи кон бугарските граѓани“, додаде бугарскиот претседател Радев. Тој додава дека Бугарија треба да добие гаранции пред да го крене ветото.

Слични Објави