Бугарија и САД разговараа за модернизацијата на бугарските Военовоздухопловни сили со Ф-16
Началникот на штабот на Военовоздухопловните сили на САД, генерал Кен Вилсбах, го прими командантот на бугарските Военовоздухопловни сили, генерал-мајор Николај Русев, за време на неговата еднонеделна официјална посета на земјата, пренесе БГНЕС.
Русев се сретна и со бугарските воени лица што се обучуваат за пилоти на борбени авиони Ф-16 во базата „Морис“ на Воздухопловната национална гарда во Аризона.
Посетата ја потврди соработката меѓу Бугарија и САД во модернизацијата на бугарското воено воздухопловство со авиони Ф-16 и зајакнувањето на одбранбените способности на источното крило на НАТО.

