|

САКАМЕ ПРОШЕТКА ДО БАРАКАТА И СОФИСКИОТ ТАВАН КАЈ ШТО СПИЕЛ АНТОНИЈО

Бесплатна идеја за Крсто Мукоски, нека организира туристичка тура до бараката во која живеел под наем Антонијо Милошоски, спомната во вчерашниот материјал на А1он насловен: Мукоски за Милошоски: Добро знам во која барака под наем живееше во 2002, а колку имот има сега.

Можеби во бараката останал дел од забранетата литература која во тоа време сѐ уште ја читал „сиромашниот“ но идеолошки солидно поткован Антонијо Милошоски.

Секако господинот Мукоски да не заборава дека и тој јадел бел леб од власта. Фирмата на неговиот брат Бобан, добивала тендери дури и во време кога била под истрага.

Но да се навратиме на туристичките тури, нема да е лошо и браќава од Пиротска 5 во Софија да организираат едно патување за тие што сакаат да го разгледат фамозниот софииски таван, во кој што во минатото спиел тогаш младиот и надежен македонски блгарин Милошоски.

Слични Објави