ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЕК УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЕН ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ИМАЛА КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави дека е во самоизолација затоа што била во контакт со лице заразено со коронавирус.
Во порака објавена на „Твитер“ Фон дер Лаен изјави дека била известена дека на состанокот на кој била и таа присуствувало и лице за кое било потврдено дека има коронавирус.
„Во согласност со правилата и прописите, јас сум во самоизолација“, објави таа.
Фон дер Лаен беше негативна за коронавирус во четвртокот, а денес треба да помине уште еден тест.
Претседателката на Европската комисија најави дека ќе биде во самоизолација до утре изутрина.
Извор: Макфакс

