| |

Бугарската влада предлага минимална плата од 660 евра од 1 јануари 2027 година

Бугарската влада предлага минималната плата во земјата од 1 јануари 2027 година да изнесува 660 евра, јавува БТА.

Доколку биде усвоен, износот ќе биде повисок за 39,80 евра, односно за 6,4% во споредба со минималната плата од 620,20 евра во 2026 година. Минималната плата по час би изнесувала 3,98 евра.

Од бугарското Министерство за труд и социјална политика наведуваат дека зголемувањето треба да придонесе за поголема активност на пазарот на трудот, намалување на нееднаквоста во приходите и сиромаштијата, како и за зголемување на куповната моќ и животниот стандард.

Јавната расправа за предлогот ќе трае до 28 октомври.

Слични Објави