|

Каракачанов: Нормално е Русија да ја брани својата творба- македонската нација

„Провокациите на Русија во однос на Македонија ги има уште од почетокот на 20-тиот век. Русија никогаш не сакала да ги напушти своите сфери на влијание на Балканот. Сосема нормално е Москва да ја брани својата творба- македонската нација“, изјави претседателот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов како коментар на честитката на руската амбасада во Скопје по повод празникот Св. Климент Охридски во емисијата „Денот во живо со Наделина Анова“ на бугарската телевизија Нова.

Каракачанов ја коментираше и позицијата на Бугарија во однос на почетокот на преговорите на РС Македонија за влез во ЕУ.

„Бугарската позиција во однос на почетокот на преговорите останува константна. Ние бараме политичарите во Скопје да разговараат чесно со Бугарија. Таа држава постои благодарение на Бугарија“ вели Каракачанов.

Слични Објави