| | |

(Видео) Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија со претставата „Богот на масакрот“ гостува на фестивалот „Скупи“

Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија на 16 октомври ќе гостува во Скопје со претставата „Богот на масакрот“, во рамките на јубилејното 20. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Фестивалот се одржува од 10 до 17 октомври на сцената на Албанскиот театар во Скопје, а претставата на бугарскиот театар е закажана за 20:00 часот на 16 октомври (петок).

Режисер на „Богот на масакрот“ е Антон Угринов, а во претставата играат Александра Василева, Радена В’лканова, Владимир Карамазов и Јулијан Вергов. Сценографијата и костимите се на Никола Тороманов, а композитор е Калин Николов.

Оваа година фестивалот одбележува 20 години од своето постоење, стои во соопштението на БКИЦ-Скопје.

Слични Објави