Поради пијанството на пилотот , бил откажан летот од Глазгов дo Њуарк. Пилотот Глендон Гуливер (61) не се изјаснил за виновен , па судот му одредил кауција.
Гуливер и неговиот 45-годишен копилот биле уапсени во неделата под сомнение дека се под дејство на алкохол или дрога, а летот од аеродромот во Глазгов кон Њуарк , во државата Њу Џерси , беше одложен. Копилотот беше пуштен без обвинение пред денешното рочиште.
Патниците морале да чекаат неколку часа на аеродромот во Гласгов , додека не ги презел друг авион.
Границата на алкохол во крвта за пилотите е девет микрограми алкохол на 100 милилитри воздух во белите дробови, што е за 22 микрограми помалку отколку за возачите во Шкотска.
Пред две години, двајца пилоти на „Јунајтед Ерлајнс“ беа затворени за пиење алкохол пред летот од аеродромот во Глазгов.
Извор: Тв Стар