БОРИСОВ: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД БОРБАТА ДА ГО ДОНЕСЕМЕ „ФОЛКСВАГЕН“ ВО БУГАРИЈА
Бугарија продолжува да се бори за новиот завод на „Фолксваген“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов пред германскиот дневен весник „Ханделсблат“.
Во соопштение до весникот Борисов подвлекува дека Бугарија дава се од себе за да го добие овој договор. Според него Бугарија е најпогодна за оваа инвестиција во споредба со било која земја во регионот. Борисов додава дека ако погонот на Фолксваген биде изграден во Бугарија, од тоа ќе има корист цела југоисточна Европа.
Како предност на Бугарија, Борисов ги истакнува даночниот систем, законите кои го охрабруваат бизнисот и помошта на државата.
Се очекува во септември „Фолксваген“ да донесе конечна одлука за тоа, во која земја ќе го гради својот нов завод. Според АРД најголем фаворит е Турција.