|

Германија размислува да испрати тенковска муниција во Израел

Германската влада размислува да испрати тенковска муниција во Израел за да го поддржи во борбата против Хамас, пишува денеска германскиот магазин Шпигел.

Надлежните ресори веќе начелно се договориле за позитивен одговор на барањето на израелската влада, се наведува во извештајот на германските медиуми.

Во ноември, Израел побара околу 10.000 парчиња прецизна муниција од 120 мм. Бидејќи германската воена индустрија не може веднаш да ја испорача таа сума, се разгледува опцијата за испраќање од залихите на германската армија, пишува Шпигел.

Слични Објави