КАМЕНОС: СИРИЗА СЕ САМОУБИ ВО ПРЕСПА

Лидерот на Независни Грци,до неодамна коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос, за очекувано лошиот резултат на СИРИЗА, постигнат на изборите за Европскиот парламент во Грција напиша на Твитер:

„Сириза се самоуби во Преспа“, недвосмислено посочувајќи дека Преспанскиот договор, за кој има(ше) големи отпори особено во северна Грција, бил пресуден за опстанокот на владата на Ципрас.