| |

Водечки бугарски историчари: Фашизмот никогаш не доаѓа на власт во Бугарија

Фашизмот никогаш не доаѓа на власт во Бугарија. Фашистичките организации не учествувале во владеењето на земјата во текот на целиот период од 1920-тите години до есента на 1944 година.

Ова се наведува во мислењето на група водечки бугарски историчари испратено до агенцијата БГНЕС.

Мислењето е потпишано од: Проф. д-р Даниел Вачков, Николај Попетров, проф. д-р Ангел Димитров, доц. д-р Наум Каичев, проф. д-р Иван Илчев, проф. д-р Веселин Јанчев, проф. д-р Ивајло Знеполски, доц. д-р Ангел Џонев, доц. д-р Александар Гребенаров и други.

Бугарските историчари нагласуваат дека во Бугарија не е создадена водечка фашистичка партија, која би имала можност да бара политичка моќ. Режимот воспоставен по 1934 година не го раководела фашистичка партија, ниту фашистички лидер. Освен тоа, режимот е во конфликт со фашистичките организации, забележуваат историчарите.

„Ни режимот нема фашистичка идеологија, тој воопшто не создава систематизирана идеологија. Власта во земјата од 1934 до 1944 година била авторитарна, но не и фашистичка. За целата деценија од своето постоење, политичкиот режим остана целосно непартиски“, подвлекуваат водечките бугарски историчари.



Слични Објави