| |

Илон Маск ја прифатил поканата, ќе ја посети Бугарија следната година

Милијардерот Илон Маск ја прифати поканата на бугарскиот министер за туризам Илин Димитров и ќе ја посети Бугарија следната година (2023), најверојатно на крајот на април. Ова станува јасно од објава на Димитров на социјалната мрежа Фејсбук.

„И… да, на крајот ќе дојде. По таков масовен напад на сите фронтови – зговорна дружина, планина поткрева (во случајов – го носи Маск)“, напиша министерот за туризам на Бугарија.

Потсетуваме дека Димитров го покани Маск да ја посети Бугарија откако најбогатиот човек на светот беше импресиониран од фотографијата на бугарскиот фотограф Владислав Терзијски на Белоградчишките карпи. Бев сигурен дека ова е во Елден Ринг“, напиша Маск под фотографијата.

Министерот Димитров му одговори и упати официјална покана: „Почитуван Илон, фотографијата е од Бугарија! Ве поканувам да го видите ова место (Белоградчишките карпи). Имаме многу други уникатни знаменитости, од кои едната е најстарото обработено злато во светот што е откриено кај нас. Дојдете да ги видите!“.

Во објава на Фејсбук, министерот за туризам се пофали дека Маск на својата социјална мрежа лајкувал фотографија од Белоградчичките карпи. „Па… што друго ни останува, освен да го поканиме да ги види во живо, да се увери колку се убави (не само тие) и евентуално да го почастиме со ракија или бугарско вино. А господин Терзијски ќе биде награден за долгогодишните напори да ја покажува убавината на нашата земја. Ни требаат вакви инфлуенсери“, напиша министерот за туризам.



Слични Објави