ПРОЕКЦИЈА НА „БУБАЧКИ“ ВЕЧЕРВА ВО КОТУР

//

Со проекција на документарниот филм „Бубачки“ вечерва во Котур ќе се одржи петтата „Кафе и кромид“ дружба.

Документарниот филм е снимен по сценарио и режија на данскиот документарист Андреас Јонсен и ќе се прикажува со почеток во 20.30 часот.

Сценариото на филмот „Бубачки“ (Bugs – 2016, 75’, Данска) зафаќа интересна и мошне актуелна тема. Иако научниците и земјоделскиот сектор сè почесто тврдат дека јадливите инсекти се иднината на одржливата храна, јадењето бубачки не е многу популарно меѓу обичните сладокусци. Бен и Џош, двајца врвни мајстори од експерименталната Лабораторија за нордиска храна на Рене Реџепи во Данска, три години патуваат низ светот за да слушнат што мислат оние две милијарди луѓе кои веќе одамна јадат инсекти. А камерата на Андреас Јонсен ги следи во чекор додека бараат, одгледуваат, готват и вкусуваат инсекти со локалците од шест континенти за да открие дали инсектите навистина би можеле да ја спасат планетата.



Влез на проекцијата: 50 мкд



Претходна статија

ВО МАВРОВО 33 САНТИМЕТРИ СНЕГ, ВО ОХРИД 19

Следна статија

ЕВРОПСКИОТ КОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕУ

Најново од Вести