| |

ЕВРОПСКИОТ КОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕУ

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархели, денеска ќе ја претстави во Брисел ревидираната методологија за процесот на пристапување кон ЕУ. Новата методологија за проширување Вархели ќе ја претстави на прес-конференција по состанокот на колегиумот на Европската комисија (ЕК), а сето тоа е објавено на веб-страницата на Европскиот парламент.

ЕК подготви нова методологија за проширување на ЕУ по францускиот предлог за реформа на процесот на проширување од ноември минатата година и по вториот предлог на девет земји членки во декември.

Извор: Макфакс



Слични Објави