Познатиот турски актер Аднан Коч е осуден на затворска казна во траење од 16 години и осум месеци, заради пружање отпор на полицијата во операција против распространување дрога во Истанбул, јавува турскиот весник „Сабах“.
Аднан Коч е турски актер и пејач кој се здоби со популарност во Турција со учество во десетици телевизиски серии. Тој глумеше и во познатата серија „Величествениот султан“ каде што ја толкуваше улогата на Бехрам паша.