| |

АДВОКАТОТ МИЛАНОВ: „ДИВО НАСЕЉЕ Е СТРАШЕН НАСТАН, НО НЕ Е ТЕРОРИЗАМ“

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на дел од осудените во случајот „Диво Насеље“, на денешната јавна седница на Апелацискиот суд за жалбите на пресудите рече дека немилиот настан во кумановска населба, во кој загинаа осум припадници на полицијата, не е терористички акт, јавува Макфакс.

„Основната грешка во постапката е обвинителството и правната квалификација на делото тероризам за она што се случи на 9 и 10 мај 2015 година во Диво Насеље. Обвинителството се впушти да докажува тероризам. Неспорно е дека имаме страшен настан, но тоа не е тероризам. Ова не е тероризам бидејќи во Диво Насеље полицијата вршеше претрес, ова не е акт врз институција. Лицата дадоа отпор, има многу други случаи каде е даден отпор врз полицијата со оружје, па не се сметало за тероризам“, рече Миланов.



Слични Објави