| |

НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО КОВИД-19 НЕМА ДА ИМ СЕ КРАТИ ПЛАТАТА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ

Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници во однос на партиципација при лекување од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од коронавирусот, јавува Сител.

Во одговор на новинарско прашање во врска со реакции од медицински лица на кои им била скратена платата за боледување од коронавирус и плаќале партиципација, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев на прес-конференција рече дека тоа се темели на досегашната практика и правилници за боледување, но дека сега се зема предвид новонастаната ситуација и заболувањето на медицинскиот персонал ќе се смета за професионално и ќе имаат сто проценти плата при боледување. За таа цел, рече, Министетрството за труд и социјална политика ќе направи измени во прописите.

-Имајќи предвид дека станува збор за новонастаната ситуација односно исплата на боледување по основ на професонално заболување поради коронавирусот, Фондот има заземено мерки и ќе исплатува надомест на плата по основ на професионално заболување кое е поврзано со КОВИД-19 во висина од 100 проценти за здравствените работници и лица вработени во здравствени установи како најизложени на коронавирусот.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави