Радев разговараше со Макрон за нападот врз бугарски граѓани во Марсеј
Бугарскиот премиер Румен Радев разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за нападот врз бугарски граѓани пред натпреварот на ПФК „Левски“ во Марсеј. Радев го објави тоа на Фејсбук, а бугарското Министерство за надворешни работи најави дека со нота до Франција ќе побара целосна истрага, јавува БТА.
„Разговарав со претседателот на Франција Емануел Макрон за нападот врз бугарски граѓани пред натпреварот на ПФК „Левски“ во Марсеј. Го делиме ставот дека агресијата и насилството немаат место во цивилизирана Европа“, напиша Радев.
„Му благодарам на претседателот Макрон за неговото лично залагање во овој случај, за медицинската помош што француските власти им ја укажаа на повредените и за мерките што ги презедоа за да ја гарантираат безбедноста на бугарските граѓани и да побараат одговорност од сторителите“, додаде Радев.
