Воено разузнавање: Скопје делумно и селективно го применува Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија
Во Република Северна Македонија не се спроведуваат суштинските уставни измени, а делумно селективно се применува Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Ова се наведува во извештајот на Службата „Воено разузнавање“ кон Министерството за одбрана на Бугарија за 2022 година, јавува БГНЕС.
„Неконструктивната политика на властите на РСМ кон Софија се повеќе е поддржана од некои надворешни фактори. Продолжуваат обидите на РСМ да ги искористи одредени меѓународни организации за да го наруши имиџот на Република Бугарија. Трендот ќе продолжи и ќе биде потребно вниманието на бугарските власти“, предупредуваат од военото разузнавање.
Во 2022 година, традиционално, не е постигнат напредок во изградбата на клучниот за НАТО коридор број 8 во неговиот дел на територијата на РСМ, се наведува уште во извештајот.

