Славчо Неделковски: Младите луѓе од Бугарија и РС Македонија се aмбасадори на единството и пријателството, политичарите треба да ги слушнат
Еден отворен разговор со претседателот на Управниот одбор на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, Славчо Неделковски, за иднината на младите од двете страни на границата, уметноста и нивната улога во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија
Каква порака стои позади заедничкиот цртеж на децата од Бугарија и Северна Македонија кој што го нацртаа минатата недела во Софија?
Цртежот има една универзална порака. Уметноста не познава граница- нека не ги градиме ние. Тоа е пораката и за опстанок на човештвото во целина. Ликовни уметници од цел свет а посебно во нашиот случај кога се од соседни држави треба да творат без политика и партизација. Нивниот непокорен дух е пред се либертаријански , не треба да се дозволува тие да навлезат во лавиринотот на политиката. Ние ја испраќаме таа порака, зборуваме јасно и силно. Пораката станува уште појасна кога доаѓа од млади визуелни артисти и талентирани деца. Тие се нашата иднина , за се останато можеме да имаме различни мислења, но за нивната радост не треба да има простор за дискусија.
Раскажете ни малку повеќе за вашето уметничко ателје во Битола?
Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“- Битола е светски позната институција за детска живопис. Ние ги организираме најстарите и најмаштабни пројави за детска уметност. Станува збор за светскиот конкурс за детска уметност „Битола“ и светската ликовна колонија за детска уметност „Мал битолски Монмартр“. Двата настани годинава го имаа своето 41 и 42 издание. Секоја година во тие културни настани земаат учество повеќе од 700 училишта од повеќе од 75 држави. Станува збор за повеќе од 40 000 млади уметници, со повеќе од 45 000 цртежи. Во истото време повеќе од 55 години, ние бесплатно вршиме обука на повеќе од 200 млади и талентирани ликовни уметници.
Како д-р Врабевски помага на вашето ликовно студио?
Д-р Милен Врабевски е пример за човек кој потполно го заслужува епитетот почесен граѓанин на Европа и мецена . Без неговата помош немаше да го спасиме студиото и да се одржат двата ликовни настани во 2023 година. Без него немаше да ја имаме дирекната поддршка од Европската Унија и УНЕСКО. И што добива тој од сето тоа? Апсолутно ништо и апсолутно се, зависи од тоа колку сте запознати со дефицитот на филантропија. Ние сме му бескрајно благодарни за поддршката.
Зошто слични настани со учество на настани се важни за нив а и за државите?
Пред некој ден ме прашаа како децата ќе успеат да нацртаат палтно со големина од 30 метра квадратни за два и пол часа. Многу едноставно! Ќе цртаат сите заедно. Тоа е заедничка колаборација, која што е уште еден доказ дека заедноста ја прави силата. Политичарите секогаш ќе најдат криза или проблем, ги разбирам и не ги разбирам. Тоа е во нивната професионална карактеристика, да создаваат кризи а потоа да ги решаваат. Не знам зошто никогаш не се занимаваат со креативни нешта. И убаво е што не се занимаваат, бидејќи се познаваат меѓу себе. Мнозина од нив забораваат дека ние ги плаќаме со нашите пари и де факто и де јуре тие се наши службеници. На таквите настани тие се потчинети, почитувани како носители на јавни функции, но тие сакале или не, понекогаш треба да се судрат со директните прашања на младите артисти, кои варираат од што правите воопшто до зошто треба да се мразиме. Тука е и иновативното ајде да се натпреваруваме кој побрзо ќе нацрта маче. Тоа не е комфорна зона за политичарите, но тие треба да се навикнат.

Што треба да научат политичарите од младите луѓе?
Прво треба да се сетат дека некогаш и тие биле деца. Да го најдат детето во себе, тогаш нема да им биде толку чудно. Тоа е исто како еден плус еден. Ако дваесет млади талентирани артисти од Бугарија можат да цртаат една недела со 20 млади талентирани артисти од Северна Македонија нека седнат со нив и ги прашат како успеваат тие да се сакаат и да бидат пријатели. Се може да се научи. Но прво треба да осознаеш дека не знаеш нешто и второ да знаеш како да го научиш.
Учителите во случајот се често под десет години и ја владеат вселената а не две држави.
Како во РС Македонија се прифаќаат вашите блиски односи со Бугарија?
Класични опструкции на сите нивоа. Од прекината поддршка од Министерството за образование и наука до мала поддрша од Министерството за култура за резултати кои го популаризираат студиото, Битола и РС Македонија. Не нарекуваат бугарофили јавно, и како се случи тоа? Може ли некој да ми посочи место каде што ние сме ја претставувале нашата држава. Срамот е за нив и казнените пријави секако. Ние не сме правно неписмени , навредите се шират јавно од партиски кујни и не знам дали има крај на болеста. Но ние не сме лекари. Сега сме омразени, бидејќи позади нас стои Европа, Европската комисија, УНЕСКО, УНИЦЕФ. А и колку нескромно и да звучи, целиот свет. Сосема во кратки црти, ние немаме проблеми, бидејќи тоа го потврдува целиот свет, а не шака политичари во Скопје, кои имаат рок на употреба.

Дали родителите на децата имаат проблем со тоа да ги пуштаат своите деца во Бугарија на такви настани?
Кратко и јасно: НЕ. Патуваме на барем 10 настани годишно. Во Бугарија се чувствуваме како дома, не знам дали воопшто е јасно дека е важно децата да се среќни, да цртаат и да се образуваат во уметноста. А тоа се случува најдобро во детските ликовни колонии. Каде е пробелмот тука? Нема проблем! Сакам да им благодарам на сите кои шират лаги за нас. Во училишната 2021/22 година работевме со 40 ученици. Сега за училишната 2023/24, 200 ученици чекаат за запишување.
Сакам да испратам и една порака кон младите ликовни уметници во Бугарија и нивните ментори, наши колеги: Не ширете паника, РС Македонија е убава и гостопримлива земја. Повелете кај нас, учествувајте масовно во сите културни настани, бидејќи само огромна експанзија на културата може да го покрие гниењето на омразата.
Како треба да се развиваат односите меѓу двете земји според вас?
Со омраза, гнев, насилство ли да ги решаваме соседските односи меѓу двете земји? Не. И тоа во 21 век во 2023 година. Светот оди напред а нашите политичари очајно не враќаат во средните векови. Решението е секогаш кај тие што ги создале проблемите. А на Балканот проблемите се создаваат за лични интереси. Тоа ни е јасно, но е и со цената да ги мразиме нашите соседи. Проблем кој што не постои ќе биде решен. Имам едно прашање , на кого ќе ги остават државите овие политичари. Младите луѓе масовно напуштаат, затоа што им дојде преку глава да ги молат истите тие политичари да создадат елементарни услови за живот. И така за кого е големата битка? Отворете си ги ушите и мозокот, младите ви го покажуваат правилниот пат. Бидете свесни дека тоа е последната шанса, бидејќи и тие ќе си заминат.

