СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ СЕ ПЛАШИ МЕЧКАТА НА АВТОКЕФАЛНОСТА ОД УКРАИНСКАТА ЦРКВА ДА НЕ ЗАИГРА И КАЈ МПЦ-ОА
Српскиот патријарх Иринеј во интервју за белградскиот весник „Политика“ предупредува дека најавите на Вселенската патријаршија дека ќе и даде автокефалност на Укринската црква, ќе донесат раскол во православниот свет, бидејќи според него истото може да се случи и во Македонија. Во интервјуто тој истакнува дека СПЦ не го прифаќа постоењето на две различни православија, едното „фанариотско”, а другото „Московско”, туку дека верува во една, света, соборна и апостолска Христова црква. Запрашан дали постои можност, ако црквата во Украина на овој начин добие автокефалност, сличното да се случи и во Македонија, епископот бачки предупреди дека ако нешто такво „помине во Украина, тоа ќе помине не само во Македонија, туку и во Црна Гора, Абхазија и каде и да посакаат нарачателите и извршителите, па можеби дури и во Грција”.
