| |

ХАРАДИНАЈ: ЌЕ ОДИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ СО АЛБАНИЈА

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај , од синоќешната презентација на изборната програма му порача на западот дека нивната толеранција кон 20 годишното статус кво на меѓународен план , можеби ќе трае уште 4-5 години но потоа некои ќе треба да одговорат зошто сеуште не се членка на Обединетите нации, на НАТО или зошто сеуште не се признати од Србија, пренесува Канал 5.

Не можеме повеќе да чекаме некој да е расположен за решавање на косовското прашање , ние во тој случај ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, поентира Харадинај.

,,Ќе дојде денот кога новиот американски претседател или новиот германски канцелар ќе треба да одлучат што ќе му кажат на Косово во 2024, 2025 или 2026 година. Очекувајте да направиме нешто. Ниту сме прифатиле, ниту сме оставиле замрзнат конфликт, ниту сме прифатиле да нè разделат. Но ќе излеземе на референдум за обединување со Албанија, запомнете го ова“, вели Харадинај.



Слични Објави