| |

Д. СОКОЛОВ: ВИНИЦА Е ПРАЗЕН ГРАД БИДЕЈЌИ СИСТЕМОТ НЕ РАБОТИ

„Драги пријатели и самите ја гледаме празнината во нашиот град. Многу млади луѓе се веќе заминати во странство. Но, не само тие туку и нивните родители и цели семејства се иселија од градот. Многупати сум имал прилика да разговарам со луѓе кои биле добро ситуирани, имале свои бизниси, држеле дуќани, раководеле фирми, но и тие се веќе заминати од тука. Ги прашував: Во што е проблемот? Која е причината за и Вие да се иселите, да ги затворите Вашите фирми, бизниси, да ги напуштите работните места? А дали знаете кој беше нивниот одговор??? –Прво и прво: Нема со кого да работиме, многу малку луѓе останаа во градот. Но, сакаме и нашите деца да живеат во здраво и средено општество. Не е проблемот секогаш во парите, проблемот е во: системот на државата, лошото здравство, образованието, судството, институциите итн. Тоа беше нивниот одговор. Да, си помислив, луѓето се во право што мислат така“, изјави во своето обраќање пред граѓаните на Виница, претседателот на локалниот клуб на Граѓанско Демократската Унија во истиот град, младиот виничанец Дејан Соколов.

Првиот човек партискиот огранок на ГДУ во Виница ги повика своите сограѓани да ја следат програмата на партијата и да се придружат кон идејата во Македонија да биде изграден систем, кој ќе биде во интерес на иднината на сите граѓани. Соколов додаде уште дека каменот си тежи на местото и подвлече дека животот во емиграција не е лесен и токму поради таа причина одлучил да се вклучи во борбата за подобрување на општеството со цел подобра иднина за сите.



Слични Објави