| |

ГРУЕВСКИ: ШИПТАРКИТЕ МОЖАТ И ТЕНКОВИ ДА ЧУВААТ ДОМА, А ПОЛИЦИЈАТА НИШТО ДА НЕ ИМ МОЖЕ

„ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата, вели Груевски во порака што денеска ја прочита судијата Огнен Ставрев, како дел од читањето на СМС пораки и транскрипти од телефонски разговори поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро.

Во друга порака поранешниот премиер вели:

„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки, пишува Груевски до соговорник.

Тогашната министерка Гордана Јанкулоска, пак додава: „ Срамота е ова што ни го прават говедата“.

Слични Објави